[ВИДЕО] Георгиевски: Со 18.001 гласови, Филипче избран за претседател на СДСМ

Макфакс

06/04/2025

22:16

1.517

Големина на фонт

а а а

СДСМ денеска на вонредни директни внатрепартиски избори во СДСМ го избра старо-новиот претседател на партијата Венко Филипче.

Тој беше единствен кандидат за функцијата која ја врши од јуни 2024 година, по оставката на Димитар Ковачевски.

(Во живо) Прес-конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

(Во живо) Прес-конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

Posted by СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија on Sunday, April 6, 2025

„Од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласаа 18.140. За претседателот Венко Филипче гласот го дадоа 18.001, неважечки ливчиња 139, рече Бранко Георгиевски, Претседател на Централната изборна комисија.

Гласањето се одвиваше на 78 избирачки места низ сите општински организации, а избирачките места беа отворени од 08 до 20 часот.