Ова е време на транспарентност и ако документите се јавно достапни, зошто Левица не ги објават самите и се повикуваат на катастар, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, кога ќе бидат нешто конкретно прашани Левица веднаш преминуваат на теми како државни тајни или пак владини функционери, а се само магливи обвинувања за да избегнат одговорност.
„Повторно манипулираат со оние нивни „левичарски“ вредности, и преку дефанзивен популизам, користат реторички напади кон власта како алатка за дистракција. Овој механизам на дистракција е веќе препознатлив за Апасиев.
Апасиев повторно изигрува жртва на некаква голема завера која се крои против него, а е лидер на партија со претставници во Собрание и пристап до ресурси. Ваквиот наратив веќе е потрошен“, нагласуваат од оваа партија.
Прашуваат, дали тоа што Апасиев прави зделки преку извршител близок до ДУИ, ја поткрепува тезата дека сепак триото СДС-ДУИ-Левица постои.