Точка Интервју со Луиџи Лигуори, директор на „DroneBuzz“: „Дроновите не се само алатки; тие се катализатори на промени кои ја редефинираат земјоделската продукција“

Точка

31/03/2025

23:26

2.211

Големина на фонт

а а а

Технологијата на беспилотни летала или дронови доживува експанзија во повеќе индустрии, но посебно во земјоделството. Оваа иновација не само што ја подобрува ефикасноста на земјоделскиот сектор, туку и носи нови можности за прецизно следење на културите и управување со ресурсите.

Во ова интервју со г. Луиџи Лигуори, експерт за дронови, ќе се запознаеме со придобивките и потенцијалот на овие технологии, како и нивната примена во земјоделството, каде што се користат за оптимизација на производството и зголемување на одржливоста.


Да потсетиме, Луиџи е поранешен воен офицер и пилот на хеликоптер и како што вели за себе, сака сè со што човек може да лета. Роден е во јужна Италија, Калабрија.

Во 1982 година се приклучил на военото офицерско училиште на италијанската армија и поминал повеќе од 38 години во Армијата стекнувајќи голем број вештини и компетенции. Од 2018 до 2019 година тој служел во Канцеларијата на НАТО, вградена во Министерството за одбрана на Северна Македонија, како советник за внатрешна оперативност, која е дел од процесот за пристап на Северна Македонија кон НАТО Алијансата.


Со текот на времето, посветеноста и иновативниот пристап на Луиџи се исплатила и тој бил задоволен што одговорил на поканата на АХВ на Северна Македонија, за да го понуди своето знаење за беспилотните летала фокусирајќи се, не само на техниките на летање, туку и, уште поважно на безбедноста на летот и усогласеноста со правилата, а особено во одбраната на приватноста. Во Македонија го основа првиот комерцијален оператор и центар за обука за управување со беспилотни летала – „DroneBuzz“.

Ова е второ интервју на „Точка“ со него, а првото беше на тема намената на дроновите, како тие функционираат и што всушност претставуваат.

1. Како дроновите ги трансформираат традиционалните земјоделски практики и какви нови можности нудат за подобрување на ефикасноста и продуктивноста на земјоделците?

Последните години, системите на беспилотните летала, познати како дронови, станаа клучна алатка во современото земјоделство. Дроновите обезбедуваат нови начини за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и одржливоста. Со нивната способност да вршат надзор врз големи земјоделски површини во даден момент. Од следење на посевите, до анализа на почвата, „дроновите“ се револуционерка земјоделска пракса и им помагаат на земјоделците да донесат подобри одлуки.

2. На кој начин дроновите помагаат во мониторингот на посевите и како го подобруваат откривањето на раните знаци на болести и штетници?


Еден од најважните бенефити од дроновите во земјоделието е можноста да се врши надзор на посевите од небо. Беспилотните летала користени во прецизно земјоделие се опремени со камери кои имаат висока резолуција и сензори кои можат да фатат детални слики од полето.

Овие слики можат да бидат анализирани да ги откријат раните знаци на болест, штетници, или нутритивни намалувања кои може и да не бидат видливи за „голото око“. Со идентификација на проблемите рано, земјоделците може да направат една целна акција, намалувајќи ја потребата за користење на поширок спектар на пестициди и поѓубрување. Мулти – спектарните сензори може да овозможат подлабока анализа со фаќање слики преку различни светлински должини. Ова им овозможува на земјоделците да пристапат поздраво кон нивните посеви врз основа на индикатори на стрес на растението и целокупна виталностт. Овие податоци овозможуваат прецизни, одлуки донесени врз база на податоци, кои намалуваат загуба и ја зголемуваат добивката од посевите.


3. Како дроновите овозможуваат прецизна агрикултура и какви податоци собираат за оптимизација на употребата на ресурси како вода, ѓубриво и пестициди?

Дроновите станаа клучна компонента на прецизната агрикултура, пристап на земјоделието кој користи податоци и технологија за оптимизација на производството на посевите.


Беспилотните летала опремени со GPS и технологија со сензори на далечина може да креираат детални мапи на земјоделските површини кои може да покажат варијации на добросостојбата на почвата, нивоа на влажност и раст на посевите.

Овие мапи им помагаат на земјоделците примената на вода, ѓубрива и пестициди да биде поефикасна, намалувајќи ги трошоците на вложување и минимизирајќи го влијанието врз животната средина.

Земајќи за пример, беспилотното летало може да идентификува области на полиња на кои им е потребна повеќе вода или одредени специфични хранливи материи, што им дозволува на земјоделците да спроведуваат наводнување со променлива стапка (VRI) или ѓубрење. Овој целен начин гарантира дека ресурсите се користат онаму каде што се најпотребни, зачувувајќи ја водата и намалувајќи го целокупниот еколошки т.н отпечаток на земјоделството.

4. На кој начин дроновите помагаат во подобрувањето на управувањето со наводнувањето и како ја подобруваат ефикасноста на водоснабдувањето?

Доброто управување со наводнувањето е еден од најкритичните предизвици во агрикултура, особено во областите коишто подлежат на суша или недостаток на вода.


Беспилотните летала можат да бидат асистенти и да помогнат во оптимизицијата на практиките за наводнување со снимки од термички слики што откриваат области со стрес од влага.

Со идентификација на стресните области, земјоделците можат да ги приспособат распоредот за наводнување и да се погрижат посевите да ја добијат вистинската количина на вода во вистинско време. Освен што помагаат во процесот на наводнување, „дроновите“ можат да ја следат ефикасноста на системите за наводнување. Со откривање на протекување или можни блокади во цевките за наводнување, земјоделците на овој начин можат веднаш да ги поправат проблемите, спречувајќи трошење на водата и осигурувајќи дека културите добиваат доследна хидратација.

5. Како напредните дронови можат да помогнат во процесите на садење и сеење, и какви предности нудат во тешко достапни области?

Иако не се толку често користени за надзор или прскање на посевите, беспилотните летала се развиваат и за садење и сеење. Одредени напредни земјоделски беспилотни летала можат да пуштаат семиња во почвата од воздух, што значително го забрзува процесот на засадување.

Оваа техника, позната како „садење со помош на „дрон“, може да биде особено од корист во некои тешко достапни области или места каде што традиционалната земјоделска опрема нема пристап. Додека трае раната фаза на развој, засадувањето со помош на овие летала има голем потенцијал да ги намали трошоците на работна сила, да ја зголеми брзината на садење и да ја подобри ефикасноста на пошумувањето како и некои големи земјоделски проекти.


6. Каква е улогата на дроновите во примената на пестициди и ѓубрива, и како се разликуваат од традиционалните методи во поглед на ефикасноста и влијанието на животната средина?


Друга позначајна примена на беспилотните летала во земјоделието е во примената на пестициди, ѓубривата и хербициди. Традиционалните методи на прскање може да покажат неефикасност, односно трошат поголема количина на хемикалии или да се оддалечат од таргетираната област. Беспилотните летала опремени со системи за прскање можат да ги применат овие супстанции со висока прецизност, осигурувајќи дека се испорачуваат директно до културите на кои им се потребни. Ова насочено прскање ја намалува количината на потребни хемикалии, помагајќи да се минимизира влијанието врз животната средина и да се намалат трошоците.

Во продолжение, беспилотните летала можат да имаат голема покриеност на површини во дел од времето што би било потребно за традиционалната опрема, подобрувајќи ја севкупната ефикасност.

7. Како дроновите можат да помогнат во предвидувањето на приносот на културите и како влијаат на планирањето на жетвата?

Исто така, беспилотните летала можат да играат клучна улога во предвидувањето на приносите преку собирање детални податоци во врска со развојот на посеаните култури во текот на сезоната на растење. Со споредба на сликите направени во различни фази на раст, фармерите можат да проценат колкав обем на производи можат да дадат нивните култури, овозможувајќи им да планираат жетва како и поефикасно управување со ресурсите.

Во иднина, беспилотните летала можат да бидат користени дури и за да бидат од корист при бербата. Опремени со вештачка интелигенција и напредни сензори, беспилотните летала би биле во можност да идентификуваат зрели култури како и водство на машините за берба, намалување на трошоците за работна сила, како и зголемување на целокупната ефикасност.

8. Какви еколошки придобивки се постигнуваат со употребата на дронови во земјоделството и како тие влијаат на одржливоста и минимизирањето на отпадот?

Употребата на „дронови“ во земјоделството може значително да има придонес за одржување на земјоделските практики. Со оптимизација водна употребливист, ѓубривата и пестицидите, овие беспилотни летала помагаат да се намали отпадот и да се минимизира влијанието на земјоделството врз животната средина.


Прецизноста агрикултура им овозможува на земјоделците да го намалат јаглеродниот т.е отпечаток преку примена на ресурсите само кога и каде ќе се потребни, што резултира со поодржливо производство на храна.

Покрај тоа, беспилотните летала можат да помогнат во следењето на добросостојбата на еко-системите кои се на земјоделските површини.

Со следење на промената на локалната популација на дивиот свет, условите на почвата и квалитетот на водата, беспилотните летала им помагаат на земјоделците да спроведат практики што ја зачувуваат биолошката разновидност и ја намалуваат штетата на околните екосистеми.

9. Какви предизвици и бариери се соочуваат земјоделците при користење на дронови, и како напредокот на технологијата може да ги надмине овие пречки?

И покрај многубројните предности од користењето на овие беспилотните летала во земјоделството, и понатаму ќе има некои предизвици што треба да бидат надминати.

Трошоците за купување и одржување на беспилотните летала, заедно со потребата од специјализирана обука за ефикасно управување со нив, може да бидат бариери за малите фармери. Дополнително, треба да се решат грижите што се појавуваат од секојдневен аспект, оние во врска со управувањето на воздушниот простор и со приватноста со цел за да се осигурување дека употребата на беспилотни летала во земјоделството останува безбедна и во согласност со локалните закони. Како и да е, како што напредува технологијата и се намалуваат трошоците за беспилотни летала, се очекува усвојувањето на „дроновите“ да се зголеми во сите размери на земјоделството.

Постојаниот развој на вештачката интелигенција, машинското учење и технологијата на сензорите дополнително ќе ги подобри способностите на беспилотните летала, што ќе ги направи уште повредни алатки за земјоделците.

10. За крај, кажете ми, како беспилотните летала ќе ја обликуваат иднината на земјоделството со нивната улога во управувањето со податоци и технолошки напредок?


Беспилотните летала брзо ја трансформираат земјоделската индустрија преку обезбедување на земјоделците помоќни алатки за следење на посевите, управување со ресурсите и донесување одлуки кои се засноваат на податоци.

Од прецизно прскање и наводнување до следење на добросостојбата на културите и предвидување на приносите, беспилотните летала ја подобруваат ефикасноста, го намалуваат влијанието врз животната средина и ја подобруваат одржливоста во земјоделството.

Како што технологијата на беспилотни летала продолжува да се развива, иднината на земјоделството изгледа повеќе управувана од податоци и технолошки напредна, при што беспилотните летала играат важна улога во обликувањето на земјоделските површини во иднина.


Автор: Симона Коцевска

Фото: Приватна архива

ТОЧКА МЕДИА 2025