Американската актерка Меган Фокс доби ќерка со нејзиниот поранешен свршеник, раперот Машин Ган Кели (Колсон Бејкер). Тој ја сподели среќната вест на социјалните мрежи.
Кели објави видео во кое бебето го држи за рака и откри дека било родено на 27 март.
„Конечно е тука!“ Нашето мало небесно семе“, напиша тој.
Фокс и Кели започнаа да се забавуваат во 2020 година, а тој ја запроси во 2022 година, додека во ноември 2024 година Меган откри дека е бремена и дека претходно изгубила бебе.
„Ништо всушност не е изгубено. Добредојде назад“, напиша таа.
Набргу потоа актерката решила да го напушти раперот откако пронашла пораки што тој им ги испраќал на други жени. Таа ја потврди веста за време на гостувањето во поткастот „Call Her Daddy“.
Гласините дека ја изневерува почнаа да се шират во 2023 година. Инаку актерката има три сина од бракот со Брајан Остин Грин – Ноа, Боди и Џорни.