[ВИДЕО] Сопругот на Камерон Дијаз: „Се плашам од неа, понекогаш е навистина страшна“

Точка

29/03/2025

21:43

4.103

Големина на фонт

а а а

Музичарот Бенџи Маден, даде еден од ретките коментари за бракот со Камерон Дијаз. Во поткастот „Literally!“ (Буквално) чиј домаќин беше Роб Лоу, призна дека понекогаш се плаши од својата сопруга, но вели дека тоа е „од најдобри причини“.

„Таа е кралица. Спротивставете се? Среќно. Воопшто не сакам да се мешам во тоа“, рекол тој.

Роб, кој е оженет со Шерил Беркоф, се согласил со Бенџи, велејќи дека не би се замерил со ниту една од нив.

Во поткастот учествувал и братот на Бенџи, Џоел, чија сопруга е актерката Никол Ричи. „Ја почитувам и истовремено се плашам од неа“, продолжил Џоел за својата поубава половина.

За потсетување, Бенџи и Камерон се запознале во 2014 година, преку Никол Ричи. По осум месеци врска, парот се венчаше во јануари 2015 година. На почетокот на 2020 година, тие станаа родители на девојчето Редикс, кое се роди преку сурогат мајка, а март 2024 година, тие го добија и синот, Кардинал.


Иако и двајцата го држат својот брак подалеку од очите на јавноста, Дијаз го коментираше својот сопруг пред две години.


„Ме научи да се ценам повеќе. Со нашиот брак научив како да се препуштам. Ништо не доаѓа пред ова. И тоа не е тешко да се каже, бидејќи нашиот брак е највредната работа во мојот живот“, изјавила таа за поткастот „Rule Breakers“.