Бени Бланко, свршеникот на Селена Гомез, згрозил многу негови следбеници со невообичаената навика во текот на туширањето.
Додека пак минатата година Бланко стана вирална сензација кога признал дека не се тушира секој ден. „Не верувам ниту во тоа дека секогаш треба да се користи шампон или регенератор. Навистина сум чист, но не се туширам секој ден“, изјави тој во тогашното интервју за „People“. „Познавам луѓе кои се тушираат два до три пати на ден“, рекол тој и додал дека смета дека на кожата ѝ треба време да се регенерира.
37-годишниот продуцент тогаш предизвика огромна дебата, па некои обожаватели дури побараа од Селена да го „напушти“ поради неговите „одвратни“ хигиенски навики.
Повторно згрози многумина
Сега Бланко повторно е во центарот на вниманието. Овој пат тој открил како изгледа неговото туширање кога конечно ќе реши да се истушира.
Имено тој објавил кратко видео на ТикТок со песната „How Does It Feel to Be Forgotten“, која ја снимил со Гомез. На видеото може да се види када на чиишто рабови биле ставени храна и шише вотка. Познатиот продуцент на кадата ставил пржено пилешко, макарони со сирење, тестенини и бурито, коешто најмногу ги згрозило неговите следбеници бидејќи не било ставено на чинија, туку директно на кадата.
„Бљак! Ова е одвратно, не можеш да јадеш додека се бањаш“, „Ја замислувам таа храна натопена во вода и не ми е добро“, „Почна да нѝ се допаѓаш. Зошто нѝ отежнуваш сега?“, „Ми се повраќа кога го гледам тоа бурито во ќошот“, „Сè што имам во главата е – бактерии“, беа некои од коментарите под неговата објава.
Тие се свршија во декември
Потсетуваме, Бланко и Гомез ја објавија свршувачката во декември, една година откако јавно ја потврдија врската. Инаку Бланко е реномиран продуцент кој соработувал со музичари како Ед Ширан, БТС, Еминем, Џастин Бибер, Халси, Кејти Пери, Кристина Агилера, Кеша, Бритни Спирс, Ријана, Сиа, Д Викенд, Канје Вест, Авичи, Чарли Пут и други.
Кога била прашана за нивната врска во интервју за Холивуд Репортер во ноември 2024 година, Гомез рекла: „Никогаш не сум се чувствувала посигурна во врска и со него ја гледам својата иднина“.