[ВИДЕО] Иван Нисов, кој се лекува во Полска: „Имав проблеми со дишењето, но смирена ми е ситуацијата“

Макфакс

27/03/2025

13:53

1.395

Големина на фонт

а а а

Иван Нисов, кој се лекува во Полска, од болницата изјави дека е добро, а состојбата му е смирена.

Тој рече дека кога стигнал таму по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, имал проблеми со дишењето.

„Смирена ми е ситуацијата, имав проблеми со дишењето. Кога дојдов во Полска, докторите ми кажаа дека сум бил прочистен внатрешно, примав инхалации и уште примам. На инхалации и кислород сум цело време. Инфузии примам, некои нивни лекови и фала му на Господ сега за сега подобрена е ситуацијата“, изјави Нисов.


Како што додава, пациентите кои се таму очекуваат да бидат вратени дома.

Во пожарот во „Пулс“ загинаа 59 лица. Некои од повредените беа хоспитализирани во домашните клиники, а повеќе од 100 во моментот се лекуваат во странство откога вчера неколкумина беа вратени дома.

Поврзани вести: Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“