Српски лекар тврди: „Од оваа храна по постот, најпрво страда панкреасот - Oрганизмот „пука“ како ѕвечалка“

Точка

27/03/2025

13:03

7.650

Големина на фонт

а а а

За правилниот начин на прекин на постот, како и за намирниците кои телото тешко ги вари, зборувал гастроентерологот проф. д-р Воислав Перишиќ на телевизијата К1.

„Приспособувањето на ензимските функции во дигестивниот систем зависи од влегувањето на супстратите. Ако не консумираме масти, а потоа наеднаш ги внесеме во огромни количини, ризикуваме да добиеме акутен панкреатит. Кога постиме, ќе направам дигресија, не можеме да очекуваме значителни физички и интелектуални перформанси“, рекол докторот и додал:


„Со постот го чистиме организмот од супстанции кои го бомбардираат мозокот, но ако го намалиме внесот на калории, пукаме како ѕвечалка. Не можете да се занимавате со нешто посериозно, доколку сте консумирале трева и зелена салата. Проблемот е во намалениот внес на масти, нив ги нема во постот, а потоа нема ниту витамин Б12. Нема добра активност на мозокот без месо, риба и јајца“, објаснил тој.

Намирници кои треба да се консумираат и оние кои предизвикуваат гасови

„Можеме да ги зголемиме протеините, но посните, „сувите“. Потоа влакна и витамини, но не смееме веднаш првиот ден да претеруваме со масти. На дигестивниот систем му требаат неколку дена да се приспособи на нив, за да можат ефикасно да се сварат“, рекол д-р Перишиќ.


Д-р Перишиќ објаснил како се создаваат гасови и која храна предизвикува подуеност.

„Гасот во желудникот е 15 отсто од проголтаниот воздух, а во цревата 75 отсто е производ на ферментација. Е сега, што ферментира? Се работи за намирници кои содржат нескробни јаглехидрати, ние не можеме да ги разградиме и тие потоа ферментираат, а тоа е една нетолеранција која создава гасови“, објаснил лекарот.

Храна која предизвикува гасови и подуеност:

кромид

грав

грашок

боранија

карфиол

брокула

целер

ротквичка

јаболка

круши

сливи

праски

кајсии

смокви

калинка


Пијалаци како чаеви и пиво исто така можат да предизвикаат проблем во желудникот.

„Кога јадам скара, барам и млад кромид, и на сите им велам, јадете шест до седум струка кога консумирате месо од скара. Мастите се прооксидантен бум, а антиоксидансот од младиот кромид го неутрализира. Сè си има своја намена, затоа Господ нѝ дал зеленчук, за да можеме да комбинираме антиоксиданти со тешка храна, да добиваме витамини и потоа сме мирни“, заклучил Перишиќ.