В петок, на 28 март, со почеток од 12:00 часот во Народниот театар – Штип во, заедничка организација на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот, Филип Стевановски.
Стевановски кој свиреше клавијатури како дел од бендот на дуото ДНК, загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март.
Стевановски потекнува од Куманово, а на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, каде што живееше и работеше.
Тој беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.
Стевановски и неговиот колега Александар Коларов кој беше гитрист во групата, беа оженети за две сестри. Ирена Крстевска Стевановска, сопругата на Филип, беше вокалистка во неговиот ФИС Бенд.
„Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно, како што ти знаеше дапрегрнеш!“: сопругата се прости од музичарот Филип Стевановски