[ВИДЕО] Голем пожар на земјоделски површини во близина на Струмица, во борба со огнот се сите пожарникари од регионот

Точка

21/03/2025

19:36

1.750

Големина на фонт

а а а

Локалните медиуми од Струмица доцна попладнево денеска јавуваат за голем пожар кај Струмица во реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница. Велат “гори на три страни и дека ветерот го разгорува пожарот.

Инаку, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со реакцијата на социјалните мрежи ја потврди оваа информација и соопштии дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен.

„Овие луѓе до последна капка крв и пот даваат се од себе, да одговорат на над 10 свесно запалени земјодлески површини во еден ден. Во денови на жалост,жалиме сите и пожарникарите и инспекторите и сите ние како граѓани, зарем е ова човечки, што уште треба да дадат овие наши пожарникари и инспектори?“, реагираше Костадинов.

Огнот се шири, пожарникарите се на терен...

Posted by Strumica Denes on Friday 21 March 2025

Костадинов апелира инспекторатот за земјоделство да соработува и да излезе веднаш на терен.

Голем пожар кај Струмица во реонот меѓу Софилар, Градски гробишта, Баница... Гори на три страни... Сите Противпожарни екипи се на местото... Ветерот го разгорува пожарот...

Posted by Радио СтрумицаНет on Friday 21 March 2025

Според  информациите, сите противпожарни екипи од Струмица се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и другите објекти. Напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови.