На социјалните мрежи веќе една недела кружи снимка од дрон, на која наводно се гледаат руски војници како со електрични тротинети поминуваат преку отворено поле.
На видеото за кое не е јасно каде и кога точно било снимено, можат да се забележат тројца војници кои трчаат на скутери додека ги напаѓаат беспилотни летала камикази. Снимката завршува во моментот кога еден од дронови удира во земјата покрај војникот.
Претходни снимки од војници на електрични тротинети
Ова не е првпат во јавноста да се појават снимки од руски војници на електрични тротинети, но претходните снимки ги прикажувале војниците на патиштата.
На снимката објавена претходно оваа година, руски војници возеле теренски електрични тротинети за време на нападот на индустрискиот град Торецк во источна Украина. Снимката, која е потврдена од воени аналитичари, ги прикажала руските војници како возат тротинети по улица исполнета со кратери, запирајќи ги тротинетите за да ги пренесат преку тешко оштетените делови.
Украинската бригада Азов соопшти дека по неуспешните напади на нивните позиции, руските сили изгубиле „3 електрични тротинети“ заедно со друга воена опрема и десетици војници.
Украинските воени извори забележале дека руските војници користат електрични тротинети на повеќе фронтови. Портпаролот на украинската бригада која оперира во насока на Покровск, овој месец изјавил дека руската војска го намалила бројот на пешадија во нападите и дека спроведува операции користејќи велосипеди, електрични тротинети, мотоцикли и теренски возила.
Украински командант: Тротинетите можат да бидат голем проблем
Украинскиот потполковник Дмитро Павленко-Крижешевски, шеф на разузнавачката служба на Азов, вели дека руските трупи сè почесто користат електрични тротинети, мотоцикли и АТВ, бидејќи „им дозволуваат брза дисперзија низ фронтот“.
„Да се погоди само едно парче опрема што носи 15 луѓе, добро, тоа е можно, тоа може да се направи прилично лесно. Но, кога тие 15 луѓе возат електрични тротинети, тогаш тоа е многу голем проблем“, изјавил потполковникот за „Magzter“.
„За нив сосема е нормално да користат 150 до 200 војници истовремено за офанзивни акции“, додаде тој.
Украинската армија ги тестирала воените електрични тротинети
Украина, исто така, ја препознала потенцијалната корисност на електричните тротинети во модерното војување. Летонската компанија „Mosphere“, специјализирана за електрични возила, добила барања од украинската војска за „уште неколку десетици“ електрични тротинети по успешното теренско тестирање на претходно донирани единици. Овие специјално дизајнирани воени скутери наводно имаат максимална брзина од 96 километри на час и работат „целосно бесшумно“, што ги прави идеални за тајни операции.
Скутерите „Mosphere“ што ги користат украинските сили имаат камуфлажен дизајн и модуларна конструкција што овозможува лесно скривање. Украинската војска првенствено ги користи за брзо извидување и транспорт на муниција. Овие скутери се опремени со специјални приколки за сандаци за муниција според стандардите на НАТО.