[ВИДЕО] Приврзаниците на Вучиќ дојдоа на митинг во Ниш, луѓето фрлаа јајца по нив

Макфакс

21/03/2025

19:25

428

Големина на фонт

а а а

Во Ниш се одржува состанок на највисокото раководство на Српската напредна партија на Вучиќ, а граѓаните се собираат во блискиот парк.

До Офицерскиот дом, каде што се одржува собирот на Српската напредна партија, е невозможно да се стигне поради силниот прстен формиран од метална ограда и полициски кордон. Во исто време студентите се собраа на улицата 7 јули.

Како што пишуваат „Јужни вести“, на митингот пристигнале членови на СНС, а насобраните граѓани ги пречекале со свирежи. „Некои од насобраните граѓани почнаа да фрлаат со јајца кон припадниците на СНС кои се обидуваа да стигнат до Офицерскиот дом каде се одржуваше партискиот митинг. Еден од нив е погоден во вратот“, објави порталот.

Граѓаните извикуваат „убијци, убијци“. Со свирежи беше пречекана и министерката за државна администрација и локална самоуправа Јелена Жариќ Ковачевиќ.