[ФОТО/ВИДЕО] „Хаотично повлекување на Украинците од Курск“: Артем и Серхи споделуваат сведоштва за Би-Би-Си за драматичното повлекување на украинските сили

Точка

21/03/2025

18:45

2.041

Големина на фонт

а а а

Во последната недела, Артем Карјакин и неговата единица ја преминаа границата и влегoa во рускиот град Суџа, во областа Курск, каде украинските сили се повлекуваат под огромен притисок.

Во интервју за Би-Би-Си, Артем и неговиот колега Серхи ги опишаа хаосот и тешкотиите на теренот, како и опасностите на кои биле изложени за време на повлекувањето, пренесува Би-Би-Си на српски.


Опасност од дронови и хаос на теренот

Во своето сведоштво, Артем сподели видео од последното движење на единицата преку границата, на кое се гледаат запалени воени и цивилни возила и војници кои внимателно ги следат небесата поради постојаната опасност од руски беспилотни летала. Во моментот на нападот на дрон, во близина на нивниот камион се летаат искри, но за среќа, експлозијата не била доволно силна да ги зафати. За жал, друг камион во близина немал толку среќа и бил уништен во пламен.


Артем открива дека повлекувањето на украинските сили не било добро организирано, што довело до голем хаос. Проблемите се зголемиле бидејќи наредбата за повлекување дошла многу доцна, а единиците не добиле соодветна комуникациска поддршка, бидејќи сателитските системи Starlink не работеле во Русија. Артем смета дека ова повлекување од Курск, иако хаотично, беше успешна офанзива која ја приморала Русија да повлече дел од своите сили од источна Украина.


Серхи и неговата ноќна мисија

На другата страна, Серхи сподели детали за ноќните операции, каде неговиот баталјон помогна во планирањето на прекугранични напади и поправка на оклопни возила, вклучувајќи ги и оние од типот „Бредли“. Тој и неговиот тим наоѓале пат низ руските мински полиња и противтенковски пречки, познати како „змејски заби“. Во една таква ноќна мисија, Серхи успеал да го пронајде оштетениот Бредли, кој бил пренесен преку границата за поправка.


Серхи, кој е роден во Русија и има белоруско државјанство, ги оправдува нападите на Украина врз рускиот регион, вели дека Русија се обидува да создаде тампон зона внатре во украинската територија. Во неговата анализа за војната, тој предупредува дека Европа не може да ја замени Америка во поддршката на Украина и дека ако САД не продолжат со помошта, ќе биде многу тешко да се избегне прекин на огнот под неповолни услови за Украина. И двајцата војници се уверени дека, иако ситуацијата е тешка и конфликтот нема изгледи за брзо решение, поддршката од странските сојузници е клучна. Серхи се надева дека Европа ќе ја прошири својата помош, но предупредува дека ако Америка се повлече, Украина ќе се најде во многу тешка ситуација. Сепак, и двата војници оставаат простор за надеж дека војната може да заврши и тоа без да се жртвуваат територии по секоја цена.



Тие остануваат посветени на својата задача да ја заштитат Украина и не се откажуваат од борбата, но се свесни дека и политичките одлуки и глобалните стратегији ќе имаат огромен ефект на идниот тек на конфликтот.