Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.
Меѓу уапсените се градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев од СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, велат од истрагата.
Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.