Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вечерва се донесени во судот во Кочани каде што ќе дадат исказ пред судија на претходна постапка во врска со трагедијата во дискотека „Пулс“.
Во судот покрај нив влезе уште едно лице, а во исто време излезе друго, со лисици на рацете и со покриено лице.
Распитот на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани кој си поднесе оставка заврши.
Претходно државниот обвинител, Љупчо Коцевски, информираше дека за вкупно 14 лица е побаран краткотраен притвор.
Сите се гонат за тешки дела против безбедноста. Предвидената казна е од три години затвор до максимални 20 години.
Во пожарот во дискотеката загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се здобија со повреди и се лекуваат во државата и во неколку други земји, меѓу кои Бугарија, Србија, Грција.