Уште четворица пациенти од Македонија пристигнаа на ВМА во Белград

Макфакс

17/03/2025

20:11

731

Големина на фонт

а а а

Четворица пациенти од Северна Македонија кои беа тешко повредени во пожарот во Кочани штотуку пристигнаа на ВМА во Белград.

Како што објави српски Телеграф, пациентите се во стабилна состојба.


Станува збор за три девојки и едно 22-годишно момче. Тие се препратени на клиника за пластична хирургија.

59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.