„Во чест на загинатите да се поделат црни ленти“ – Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре низ цела Македонија

Макфакс

17/03/2025

20:01

1.277

Големина на фонт

а а а

Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре во 18 часот, на плоштадите низ територијата на целата држава поради жртвите од пожарот во дискотеката која нелегално работела.

Од „Кој е следен“ велат дека во овие траорни денови, Македoнија повторно треба да биде заедно и да си даде утеха.


„Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18 часот да се соберат на плоштадите во своите градови и да не поминуваат низ овва сами. Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени“, велат од здружението.

Се додава и дека локацијата за Скопје е одреден на Градскиот плоштад за да не се блокираат улици по кои се превезуваат повредените од трагедијата.


Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на ДНК бендот и полицаец којшто бил на должност. Повредени се над 100 луѓе кои се хоспитализирани во Македонија, Бугарија, Србија, Турција, Грција, Хрватска.