Овој трик се заснова на идејата дека обемот на вратот е приближно двојно помал од обемот на половината, што го прави брз метод за процена на големината на фармерките.
Купувањето фармерки понекогаш може да биде вистински предизвик, особено кога немате време да ги пробате.
Сепак, постои еден трик кој може да ви го олесни изборот на вистинските фармерки без потреба од пробување.
Имено една корисничка на ТикТок објавила видео во кое покажала одличен трик како да се избере соодветниот пар фармерки.
Наместо да ги облечете – обвиткајте ги околу вратот. Ако можете да ги споите краевите на фармерките во пределот на половината, така што тие се допираат или малку се преклопуваат, постојат големи шанси дека тоа е соодветната големина на фармерки за вас.
Се разбира, овој метод не е совршен – кроевите и материјалите варираат, а удобноста зависи и од ширината на колковите, должината на ногавиците и еластичноста на ткаенината. Меѓутоа, ако сте во ситуација кога едноставно немате време или волја да го пробате, овој метод може да биде корисен.
Но оние кои сакаат да бидат целосно сигурни во својот избор, класичното пробување во кабината е сепак најдобрата опција.