[ФОТО] Ова е новиот револуционерен "CLA": Шефот на компанијата: Мојот омилен "Mercedes" досега

Точка

14/03/2025

11:21

1.127

Големина на фонт

а а а

"Mercedes" ја претстави новата генерација на "CLA", која носи значајни технолошки иновации и за првпат нуди целосно електрична верзија. Моделот за 2026 година ќе биде достапен и со благ хибрид, но дизелските мотори повеќе не се во понудата.

Првиот "Mercedes" со преден багажник по 90 години

"CLA" ја задржува препознатливата купе силуета, но воведува нови поврзани "LED" светла, вовлечени рачки на вратите и аеродинамично обликувано тело со коефициент на отпор на воздух 0,21.

Новиот "CLA" е поголем во сите димензии – подолг е за 3,3 см (472 см), поширок за 2,5 см (185 см) и има зголемено меѓуосовинско растојание за 6 см (279 см). Сепак, задните патници сега имаат помалку простор за нозете и лактите, што се должи на оптимизацијата за електричниот погон.

Багажникот е намален на 405 литри, но електричната верзија додава дополнителни 70 литри под предната хауба, што е нешто што "Mercedes" последен пат го понудил во 1930-тите.


Шефот на "Mercedes": Мојот омилен "Mercedes" досега

Првиот човек на "Mercedes", Ола Келениус, го опиша "CLA" како неговиот „омилен Mercedes досега“, нагласувајќи дека се работи за „еднолитарски автомобил за електричната ера“ со досег од 792 километри според "WLTP"-стандардот.

Тој се пофали дека "CLA" е „најинтелигентниот модел на "Mercedes" досега“, благодарение на целосно новиот "MB. OS" оперативен систем, развиен внатрешно во соработка со "NVIDIA" и "Qualcomm".

Од напредната технологија, новиот "CLA" вклучува:

• "MBUX Superscreen"– опционален троен екран низ целата ширина на кокпитот

• "Google Maps" навигација со најнови податоци

• Виртуелен асистент, развиен со помош на "Microsoft" и "Google AI"

• "DrivePilot" – полуавтономно возење (Level 2++), достапно во Кина од 2025, подоцна во САД и ЕУ


Две електрични верзии

"CLA" ќе биде достапен во две електрични варијанти:

• "CLA 250+ EQ Technology" (RWD, 268 коњски сили, 335 Nm)

• "CLA 350 4Matic EQ Technology" (AWD, 349 коњски сили, 515 Nm)

Двете верзии користат двостепен менувач – првиот степен за градско возење, вториот за автопат.

Електричниот "CLA" користи 85 kWh батерија со никел-манган-кобалт (NMC) хемија, што овозможува досег од речиси 800 км. Благодарение на 800-волтен систем, поддржува брзо полнење до 325 kW, што значи дека на DC-полнач може да добие 325 километри досег за само 10 минути.

"Mercedes" планира и подостапна верзија на "CLA" со 58 kWh батерија базирана на литиум-железо-фосфат (LFP) технологија, која би требало да биде поекономична и подолготрајна опција.


Mild-hybrid: За оние кои сакаат бензинска опција

Основната верзија на "CLA" доаѓа со 1,5-литарски турбо-бензинец (M252) кој работи во Милеров циклус за поголема ефикасност. Моторот е опремен со 48 V mild-hybrid систем, кој вклучува интегриран стартер-генератор (ISG) вграден во 8-степениот автоматски менувач со двојна спојка (DCT).

Mild-хибридот овозможува:

• Дополнителна електрична помош при забрзување

• Регенеративно сопирање

• Функција „coasting“ (гасење на моторот при крстосување за намалена потрошувачка)

"Mercedes" сè уште не објави точни податоци за моќноста, но потврди дека моторот ќе биде достапен во две верзии, со избор на преден (FWD) или погон на сите тркала (AWD). Очекувањата се дека оваа верзија ќе понуди значително подобра економичност во горивото во споредба со претходната генерација.


Голем напредок во атрактивен пакет, но и некои компромиси

Новиот "CLA" нуди технолошки напредок и импресивен досег, што го става пред конкуренцијата, додека истовремено задржува привлечен дизајн. Сепак, постојат некои компромиси – како намалениот простор за патници и багажник.

"Mercedes" ја таргетира публиката која сака премиум електрично искуство, но без откажување од луксузот.

Новата генерација "CLA" пристигнува во салоните кон крајот на 2025 година, додека mild-хибридната верзија се очекува нешто подоцна.