[ВИДЕО] Поранешна членка на хит-групата од 90-тите живее како бездомничка: „Се гордеам со сè што постигнав“

Точка

13/03/2025

14:54

998

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Даун Робинсон, поранешна членка на „R&B“ групата „En Vogue“, која се прослави во 90-тите со хитовите како „Hold“ on и „Free Your Mind“, откри дека веќе три години живее во својот автомобил како бездомничка.

Групата неодамна објави дека тргнува на европска турнеја, но 58-годишната пејачка открила дека живее далеку од гламурозниот свет на кој некогаш му припаѓала.


Пејачката споделила детали од својот живот во видео објавено на Јутјуб, што ги растажило обожавателите. „Да бевте со мене тогаш, во 2020 година, имав 105.000 интервјуа, а во меѓувреме живеев со моите родители во Лас Вегас и тоа беше едно прекрасно време“, рекла Робинсон, објаснувајќи дека го напуштила домот на нејзините родители поради проблематичните односи со нејзината мајка.

Живее во својот автомобил веќе три години

Нејзината менаџерка првично и понудила да се пресели во нејзиниот стан во Лос Анџелес, но во станот немало доволно простор, па ја сместила во хотел, каде живеела осум месеци, што ја чинело 3.000 долари месечно.


Пејачката станала бездомничка во 2022 година па решила да живее во својот автомобил. „Се чувствував слободна. Се чувствував како да одам на кампување. Ми делуваше како вистинското нешто за мене. Но, првата ноќ во автомобилот беше застрашувачка“, раскажала Даун, објаснувајќи дека научила како да ги покрива прозорците и да биде претпазлива.


„Се гордеам со сè што постигнав“

„Внимателни сте околу тоа што им кажувате на луѓето кога сте сами, особено како жена, а јас сум славна личност, па не им го кажувам тоа на луѓето. Знаете, многу познати личности живееле во своите автомобили“, рече пејачката, и додаде дека ја има поддршката од нејзините блиски луѓе, вклучително и нејзиниот брат Евин и асистентката Неви, и се осврна на нејзиниот живот како бездомничка.


„Општеството гледа од висина на луѓето кои живеат „надвор од мрежата“, а јас ви велам, многу луѓе ќе почнат да го прават тоа. Дали сега би имала стан ако имав избор? Да. Нема да ве лажам, но мило ми е што го направив ова. Се гордеам со сè што постигнав овде“, додала пејачка.