Кога некој ќе почне да го озборува вашиот пријател во ваше присуство, користете го Сократовиот тест во три чекори

Точка

13/03/2025

15:15

3.491

Големина на фонт

а а а

Сократ, еден од најголемите филозофи на сите времиња, оставил безвременски трага со своите учења и мудрост.

Од неговите ученици како Платон и Ксенофон дознаваме за неговиот живот и размислувања. Неговите учења и денес се од огромно значење и за современиот човек. Еден од најпознатите моменти во неговиот живот е оној во кој го спроведува својот Троен филтер на пријателот кој сака да му каже нешто за неговиот пријател, а што се однесува на озборување.

Еден ден, како што тоа често се случува, познаник на Сократ дошол при него и му рекол:

– Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?

Сократ одговорил:

– Почекај малку, пред да ми кажеш нешто, мора да поминеш низ еден тест. Тоа е Троен филтер на озборувања.

– Троен филтер? – се изненадил познаникот.


– Така е! Претходно да ми кажеш нешто за мојот пријател, мора да ја преминеш оваа проверка. Сакаш ли да го слушнеш? – прашал Сократ.

Откако познаникот се согласил, Сократ продолжил:

– Првиот филтер е вистината. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина? Сигурен ли си?

Познаикот одговорил:

– Не, всушност, само што слушнав нешто за тоа и…

– Значи, не знаеш дали е вистина. Тогаш да преминеме на вториот филтер, а тоа е филтерот на добрината. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател е нешто добро?

Познаикот одговорил:

– Не, напротив, тоа е нешто лошо…

– Знаејќи го тоа, сега ќе преминеме на третиот филтер, филтерот на корисноста. Дали она што сакаш да ми го кажеш ќе ми биде корисно?

Познаикот одговорил:


– Не, не баш…

Сократ ги погледнал и рекол:

– Па, ако тоа што сакаш да ми го кажеш не е ниту точно, ниту добро, ниту корисно, тогаш зошто ми го кажуваш тоа?

Со оваа едноставна, но моќна метода, Сократ нè учи да бидеме внимателни во нашето споделување на информации, особено кога станува збор за озборувања. Тој ни покажува како можеме да го филтрираме она што го слушаме и да го оставиме само она што е вистинито, добро и корисно.