Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Glass LUX со пресврт до победа над Леар
Glass LUX 9-3(4-2) Леар
Glass LUX: Мартин Цветковски 29’ Филип Стајковиќ 10’ 11’ Мартин Трајановски 26’ 35’ Давид Блажевски 14’ 16’ 38’ 38’
Леар: Тоше Зафировски 21’ Марјан Ѓорѓиевски 2’ Борче Јовановски 9’
Одличен почеток на екипата на Леар во дуелот со Glass LUX, тие одлично ја поставија играта во одбраната и од самиот почеток со брзи контра напади се закануваа кон голот на противникот. Ваквата игра им донесе предност во втората минута од полувремето со погодокот на Ѓорѓиевски, ова ја примора екипата на Glass LUX да продолжи со поофанзивна игра користејќи го својот голман како голман играч како би створила вишок во нападот. Екипата на Леар ја искористи отворената игра и успеа да ја зголеми разликата на 0-2. По оваа негатива екипата на Glass LUX ги консолидира своите редови и со два погодоци на Стајковиќ во 10та и 11та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Glass LUX успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и на полувремето да дојде до предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на Glass LUX продолжи со одлична игра и не дозволуваше екипата на Леар да ја стопи предноста. Иако екипата на Леар имаше одлични шанси екипата на Glass LUX одлично ја постави играта во одбраната, и преку брзи контра напади успеваше да ја зголемува резултатската предност. До крајот на натпреварот екипата на Glass LUX ја сочува пренсота и славеше со 9-3.
ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победата над А1
ЕЛЕМ 10-3(1-3) А1
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 30’ Синиша Ковечевиќ 2’ 22’ 24’ Борче Симоновски 31’ Тихомир Груевски 35’ Ледрон Кадриу 23’ 28’ Владе Јанакиевски 25’ 33’
А1: Дарио Јовановски 14’ 16’ Михаил Делев 20’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и А1, двете екипи силно мотивирани влегоа во првото полувреме. Екипата на ЕЛЕМ во 2та минута од полувремето успеа да дојде до предност со погодокот на Ковачевиќ и да поведе со 1-0, ова ја мотивираше екипата на ЕЛЕМ да продолжи да врши притисок и да се заканува кон голот на противникот. Сепак екипата на А1 успеа да ги консолидира своите редови и со два погодоци на Дарио Јовановски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од 1-2. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ се закануваше кон голот на противникот но не успеа да реализира што А1 го казни за водство од 1-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови и со одлична и тимска игра од минута во минута ја намалуваше резултатската негатива а во 23та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот од 3-3. Како одминуваше времето екипата на ЕЛЕМ ја пронајде својата игра дојде до целосен резултатски пресврт и да направи солидна резултатска предност. Екипата на А1 во скратен состав не успеваше во второто полувреме да парира на расположените ЕЛЕМ кои на крајот од овој натпреар славеа со убедливи 10-3.
Ливрински го водеше ЈСП до победа над Матрикс
Матрикс 1-2(0-0) ЈСП
Матрикс: Виктор Петровски 21’
ЈСП: Мартин Ливрински 27’ 37’
Цврсто и израмнето прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и ЈСП, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Играта се одвиваше главно на средината на теренот со точни подавања од каде екипите се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол и брза реализација. Како одминуваше времето екипите започнаа се повеќе да ги користат своите голмани како голман играч со цел да дојдат до вишок во нападот и подобра шанса за гол. До крајот на полувремето ниту една од екипите не успеа резултаски да се одвои па на пазуата се замина со 0-0. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра двете екипи го подигаа темпото на игра, екипата на Матрикс прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Петровски во 21та минута. По оваа негатива екипата на ЈСП ја зацврсти одбраната и со брзи контра напади се почесто се закануваше кон голот на Матрикс. Тие успеаа преку расположениот Ливирнски да дојдат до израмнување, а потоа и до целосен резултатски пресврт. Ваквата израмнета игра ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на ЈСП успеа да ја сочува предноста и на крајот да слави со 1-2.