Сијарто: Добрите односи меѓу САД и Русија секогаш се во корист на светската безбедност

Макфакс

18/02/2025

20:31

581

Големина на фонт

а а а

Унгарија е задоволна од тоа што во Саудиска Арабија се одржаа директни руско-американски консултации, бидејќи добрите односи меѓу САД и Русија секогаш имаат корист за светската безбедност, изјави денеска во Њујорк унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Унгарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сијарто го поздравил почетокот на директните консултации меѓу Русија и САД, делумно за рестартирање на соработката меѓу двете земји, а делумно за ставање крај на војната во Украина, пренесе МТИ.

„Добрите односи меѓу САД и Русија секогаш се од корист на светската безбедност“, рече тој.


Според него, ако постои соработка меѓу Русија и САД заснована на меѓусебно почитување, што се покажува како ефективно за двете страни, тогаш тоа е добро за светот, го прави побезбедно место.

„Како резултат на тоа, мислам дека добрата вест, најдобрата вест во последниве месеци, е дека руско-американските консултации се во тек или дека се во тек во Ријад, и верувам дека кога станува збор за прашањето за мирот во Украина, има поголеми шанси од кога било во последните три години мирот конечно да дојде“, рече Сијарто, пренесува Танјуг.

На денешната средба во Ријад, руската и американската делегација се договорија за рестартирање на дипломатските односи меѓу двете земји, но и за почеток на формални консултации за завршување на војната во Украина.

Руската делегација на средбата, која траеше околу 4,5 часа, ја сочинуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков и директорот на рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц и американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стивен ВиткоФ.