[ВИДЕО] Преседан во Ватикан: За прв пат објавена снимка од папата веднаш по изборот

Макфакс

09/05/2025

08:09

1.730

Големина на фонт

а а а

Само неколку часа откако кардиналот Роберт Превост вчера беше именуван за нов поглавар на Католичката црква, Ватикан објави видео на кое се гледа како тој ги поздравува 133-те кардинали кои го избраа, објавува „Њујорк пост“.

Папата роден во Чикаго ја изрази својата благодарност во Систинската капела неколку часа откако кардиналите го избраа на вториот ден од конклавата.

Видеото го прикажува папата Лав XIV додека кажува молитва од олтарот на историската римска катедрала, по што се повлекува, а потоа се моли приватно. На крајот, тој е виден како се ракува со кардиналите со насмевка.