Аморим – најлошиот тренер на Манчестер Јунајтед во ерата по Фергусон

Точка

18/02/2025

12:20

2.195

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим не успеа да го разбуди Манчестер Јунајтед.

Тоа го покажуваат резултатите, а критиките што Португалецот ги добива од клупските легенди се повеќе од оправдани.

Факт е дека дури и Ерик тен Хаг имаше подобри резултати од него, а Манчестер Јунајтед во моментов е многу поблиску до последнопласираниот тим отколку до врвот на табелата.


Поразот од Тотенхем боли, а очигледно е дека идеите на Аморим не функционираат во Манчестер. Од последните 12 натпревари, Манчестер Јунајтед загуби осум.

Ако продолжи со овој ритам, Аморим би можел да го урне и негативниот рекорд поставен минатата сезона со Тен Хаг, кога станува збор за бројот на освоени бодови на крајот од сезоната.


Неверојатно звучи фактот дека по првите 14 натпревари како тренер, Аморим е убедливо најлошиот во ерата по Алекс Фергусон.

Еве како изгледа списокот на седумтемина тренери што го воделе Јунајтед во првите 14 натпревари:

1. Оле Гунар Солскјер – 35 бода

2. Ралф Рангник – 26

3. Ерик тен Хаг – 26

4. Луј ван Гал – 25

5. Дејвид Мојс – 22

6. Жозе Мурињо – 21

7. Рубен Аморим – 14

Се чини дека Манчестер никако не може да излезе од овој фудбалски пекол …