Акција на Финансиската полиција: Се претресува домот на Пеце Мирчевски, поранешниот директор на СОЗР - се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Макфакс

05/02/2025

12:26

1.644

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, извести Обвинителството.


Како што потврди Обвинителството, станува збор за предмет поврзан со СОЗР, односно се врши претрес кај поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески.