[ФОТО/ВИДЕО] Дали овој фустан е достоен за британската принцеза: Го купила од „Зара“ и чини само 19 евра, вака Кејт изгледа во него

Точка

01/02/2025

20:42

1.322

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, по успешното лекување од рак постепено се враќа на своите кралски должности, а сега го посети и детскиот хоспис во Јужен Велс.

За оваа специјална посета таа го избрала својот омилен фустан на „Зара“, кој чини неверојатни 16 фунти или 19 евра, а кој веќе го носеше во неколку наврати од 2020 година. Овој пат принцезата блесна во шик стајлинг – во прекрасен кариран фустан со голема панделка.


Таа ја надополнила модната комбинација со елегантен капут од слонова коска по нарачка од дизајнерот Крис Кери. А изгледот го комплетирала со обетки „Спелс оф лав“ и чевли од нејзиниот омилен бренд „Расел енд Брумли“.

Посетата на оваа специјализирана установа во Јужен Велс не е случаен избор. Како принцеза од Велс, Кејт секогаш покажува посебна наклонетост кон овој регион и неговите луѓе. За време на посетата на хосписот, кој е прв од ваков вид во Велс, таа учествувала на сесии за музикотерапија и комуницираше со децата и нивните семејства.

„Горда сум што сум покровител на ‘Тај Хафан’“, објави таа преку официјалниот профил на Кенсингтонската палата на Икс.

Инаку, специјализираната установа во Весл е отворена во 1999 година и обезбедува бесплатна грижа за децата и поддршка за нивните семејства.


Ова е втор јавен ангажман на Кејт оваа недела, откако таа присуствуваше на комеморацијата на Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот со принцот Вилијам во понеделник, 24 јануари. Блиски извори нагласуваат дека тоа е дел од нејзиното постепено враќање на обврските и дека распоредот на активности и се прилагодува од недела во недела.