[ФОТО/ВИДЕО] Истражување: Орките ловат и јадат црн дроб од бели ајкули, потврдено со ДНК анализа

Точка

30/01/2025

19:08

842

Големина на фонт

а а а

Во австралиските води, орките почнале да ловат големи бели ајкули, а новите истражувања потврдиле дека овие китови особено се заинтересирани за црниот дроб на ајкулите, што е потврдено со ДНК анализа на ранетите тела на белите ајкули, објави „Гардијан“.

Телото на голема бела ајкула, долга 4,7 метри, беше пронајдено минатиот октомври на брегот близу Портленд, во југозападниот дел на Викторија, без црн дроб, дигестивни и репродуктивни органи.

Истражувачите зедоа ДНК примероци од специфични гризнувања на телото на ајкулата, а резултатите покажаа присуство на ДНК од орка околу најголемата рана, која била широка 50 сантиметри и се наоѓала покрај нејзината перка.

Научниците од Универзитетот Флиндерс, предводени од Изабела Ривс, истакнуваат дека орките, како врвни предатори, ја користат својата интелигенција и способноста за лов во јато за успешно да ловат големи бели ајкули. Слични случаи претходно се забележани во Јужна Африка, каде што орка уловила голема бела ајкула и за само неколку минути го изела нејзиниот црн дроб.


Овој вид лов не е чест, но би можел значително да влијае врз размножувањето на белите ајкули, особено во подрачјата каде што ловат орките.

Научниците сметаат дека ваквите интеракции можат да придонесат за намалување на популацијата на големите бели ајкули, што е загрижувачки, бидејќи овие ајкули се клучни регулатори на екосистемот.