Не толку одамна, Мајк Тајсон и Џејк Пол имаа меѓусебна борба која привлече десетици милиони гледачи, а два месеци подоцна двајцата повторно се сретнаа.
Двајцата присуствуваа на инаугуративниот бал за Доналд Трамп, кој вчера стана 47-ми претседател на САД, а таму приредија шоу.
Пол во еден момент реши да го стави Мајк на рамениците и да го крене, што очигледно за момент ја исплаши боксерската легенда.
mike tyson x jake paul. this is so wholesome. pic.twitter.com/9LRHZj36Ly
— Tiffany Fong (@TiffanyFong_) January 21, 2025
Тоа можеше да се забележи по неговиот израз кога Пол го крена, но Мајк брзо се смири и почна да гестикулира кон останатите присутни на балот.
Во објава на социјалните мрежи, Пол покрај фотографијата со Тајсон напиша „Најдобри пријатели“, а потсетуваме дека пред нивната меѓусебна борба, тие имаа жестоки судири, а во текот на едно соочување Мајк дури ѝ му удри шлаканица на помладиот ривал.
Потсетуваме, Пол победи со едногласна судска одлука во борба која ги разочара обожавателите, а многумина се посомневаа дека беше наместена.