Актерката Кејти Холмс позираше во бекстејџот на претстава „Our Town“ на Бродвеј со колегата Џим Парсонс, на многумина најпознат по улогата на Шелдон Купер во серијата „The Big Bang Theory“.
„Последните денови на „Our Town“ се пред нас. Многу сум благодарна за овие прекрасни души кои продолжуваат да ги оживуваат зборовите на Торнтон. Ве сакам“, напиша таа покрај фотографијата со Џим.
Многу обожаватели на почетокот не го препознаа Џим на фотографијата бидејќи актерот пуштил брада. Но, подоцна, тие го изразија своето воодушевување од заедничката фотографија на актерите.
„Толку многу радост во една фотографија“, „Џои и Шелдон. Не го очекував ова, но воодушевена сум“, „Двајца одлични актери и според мене двајца од најдобрите ТВ ликови во светот“, беа дел од коментарите.
Инаку Џим и Кејти веќе неколку пати претходно позираа заедно.
Последната претстава на Бродвеј доаѓа наскоро
Покрај нив двајца, во претставата играат Зои Дојч, Ефраим Сајкс, Џули Халстон како и многу други, а последната претстава на Бродвеј ќе ја изведат оваа недела. Инаку претставата е базирана на истоимениот роман на Торнтон Вајлдер.
Во приказната за еден мал град, сценски менаџер го раскажува секојдневниот живот на неговите жители, го опишува детското пријателство кое се претворило во брак и се фокусира на две семејства, Вебс и Гибс.
Вајлдер ги користеше Емили, Џорџ и другите ликови за да ја истакне важноста на размислувањето околу животните околностите.