[ВИДЕО/ФОТО] Блогерот од Србија ја посети „најчесната земја во Европа“: Куќите не ги заклучуваат

Точка

15/01/2025

18:19

1.739

Големина на фонт

а а а

Блогерот од Белград, Ив Бесеровац, сподели интересни детали на социјалните мрежи по посетата на Фарските Острови, а оваа земја ја опиша како најчесната во Европа.

„Добредојдовте во најчесната земја во Европа“, рече Бесеровац во видеото со детали од неговата посета на Фарските Острови.


Станува збор за земја во која има повеќе овци отколку луѓе, нема Мекдоналдс, но во која се јаде лосос во неограничени количества, и која е позната и по бестрашните морнари. Интересни факти за Фарските Острови го вклучуваат и фактот дека јавниот превоз е бесплатен и има само четири семафори.


„Она што можеби е најголемата вредност – е кога излегувате од куќата, не ја заклучувате“, вели блогерот во видеото.


Меѓу другото, тој додаде дека овој архипелаг од 18 необични острови „извира“ од океанот некаде на половина пат помеѓу Шкотска и Исланд.

„Тие отсекогаш зрачеле со мистериозност на северните нордиски патеки, каде што природата ги покажува своите неверојатни форми. На островите речиси и да нема дрвја, тревата расте на покривите на куќите, а за слетување на авионите во тесните долини потребна е голема пилотска вештина. Овие магични острови станаа една од најатрактивните дестинации за оние кои бараат уникатни места во светот“, додаде тој.


На Фарските Острови нема палми, но нема ниту многу други дрвја. Силниот ветер, дождот и темните облаци се редовна временска појава, па во отсуство на какви било настани, консумирањето големи количества алкохол е утеха за многумина.



„Веќе стотици години, јата „пилот“ китови, кои живеат во водите на северниот Атлантик, со чамци се протеруваат во плиткиот дел од заливот, каде што стручно и брзо се убиваат, а месото се дели подеднакво меѓу малобројното население на островот каде се случува сето тоа. Сепак, глетката на крвавите води низ целиот залив го ужаснуваат современиот свет, кој се прашува дали во овие времиња и со изобилство на храна, таквата појава е навистина оправдана“, вели блогерот.