Трагичен крај на потрагата: Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку дена е исчезнатата Лидија од Јурумлери

A1ON.MK

15/01/2025

12:13

2.656

Големина на фонт

а а а

Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар е идентификувано. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери кој исчезна во ноември минатата година.

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.


Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.

Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.


Испитувањето на случајот продолжува.