"BMW M" е во подем, најдобар резултат досега: Ќе се изненадите од нивниот најпродаван модел

Точка

14/01/2025

13:03

1.063

Големина на фонт

а а а

За "BMW M", 2024 година беше најдобрата година досега, покажуваат новите бројки.

Серијата М стана клучна компонента во успехот на "BMW", со 9,4 проценти од сите продадени модели на марката во последните 12 месеци.


Минатата година серијата М го имаше својот најдобар резултат во историјата, бидејќи забележаа 206.582 регистрации, што е зголемување од 2 отсто во однос на претходната, односно 2023 година.


Најпопуларниот автомобил во овој импресивен резултат беше – електричен. Станува збор за "i4 M50", купе со пет врати опремено со двомоторен погон од 537 коњски сили кој достигнува 100 km/h за 3,7 секунди.


Добрата вест за тврдокорните обожаватели на М е дека „вистинските“ M автомобили на марката доживеаја огромен раст, што гарантира дека ќе бидат со нас уште некое време. Велиме „вистински“ затоа што самото "BMW" прави разлика помеѓу M (перформансни) модели како "M340i", "X7 M60i" и "i4 M50i", и она што го нарекува „високo перформансни“ M модели како "M2", "M3" и "M5".


Така, "M2", без сомнение помогнат од неодамнешното зголемување на моќноста од 453 коњски сили на 473 коњски сили, забележа раст на продажбата од 64 отсто, додека регистрациите на "M3 Touring" се зголемија за 57 отсто. Севкупно, продажбата на овие автомобили се зголеми за 8 проценти на 66.805, а 2025 година изгледа дека ќе биде уште подобра за нив.