Се вселуваат првите жители во градот-лабораторија: Со летечки таксија и автомобили без возачи, а повеќето се вработени во иста компанија

Точка

13/01/2025

18:41

3.235

Големина на фонт

а а а

„Woven City“ е град-лабораторија којшто јапонската компанија Тојота го гради во последните три години во подножјето на планината Фуџи во Јапонија, а на местото на поранешниот производствен погон на автомобили во Сусоно.

Овој интересен проект вреден 10 милијарди долари е замислен како полигон за тестирање на автономни возила кои можат да се движат без никаква човечка контрола, како и други иновативни мобилни решенија.


„Woven City е повеќе од место за живеење, работа и игра. Тоа е место каде што луѓето можат да измислуваат и развиваат секакви нови производи и идеи. Тоа е жива лабораторија каде жителите се подготвени да учествуваат, давајќи им можност на пронаоѓачите слободно да ги тестираат своите идеи на безбедно – опкружување од реалниот живот“, изјави неодамна Акио Тојода, претседател на Тојота.


Woven City ќе се простира на 0,7 квадратни километри, а за неговиот дизајн е задолжено данското архитектонско студио „BIG“.

Првите жители на „Woven City“

Според достапните информации, првите сто жители ќе се вселат во „Woven City“ оваа есен. Тие првично ќе се состојат главно од волонтери од компанијата Тојота кои сакаат да работат на дизајнирање на поодржливи, попаметни и поинклузивни решенија за мобилност.


Тие ќе бидат поделени во две групи: пронаоѓачи чија главна цел е да дизајнираат нови производи и ткајачи (weavers) кои ќе ги тестираат во реално време.



Во градот ќе се тестира иновативниот уред за лична мобилност, услуги за испорака со беспилотни летала, придружни роботи за стари лица, па дури превоз со летечки таксија.

Популацијата на „Woven City“ постепено ќе расте во согласност со развојот на инфраструктурата на градот, а до 2026 година би требало да опфаќа околу 2.000 луѓе.