СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата, кажа Петрушевски

Макфакс

10/01/2025

11:42

227

Големина на фонт

а а а

„СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата. СДС се главем виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС.

СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби.

СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му беше дозволено заради желбата за власт на СДС.

Венко Филипче и СДС треба да признаат пред целата јавност дека тие го создадоа Груби и да се извинат. Истовремено да ги повикаат на одговорност и Ковачевски и Заев“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.