Се затвораат илјадници аптеки: Вработените низ земјата штрајкуваат со големи барања, пациентите ќе плаќаат до 85 евра повеќе за лекови

Точка

09/01/2025

19:27

2.709

Големина на фонт

а а а

Вработените во аптеките низ Холандија започнаа дводневен штрајк по повик од синдикатите FNV и CVN, барајќи ретроактивно и идно зголемување на платите, откако пропаднаа преговорите за нов колективен договор.

Илјадници аптеки ќе останат затворени, што ќе предизвика дополнителни тешкотии за пациентите, бидејќи многу аптеки и онака не работат за време на викендите, објави NL Times.

Протестот нема да влијае на специјализираните аптеки кои работат за итни случаи и надвор од редовното работно време. Сепак, во некои случаи пациентите ќе мора да платат и до 85 евра повеќе по лек ако рецептот не е покриен со основниот пакет на здравствено осигурување.


Работниците бараат ретроактивно зголемување на минималната плата за 6% до 1 јули 2024 година, минимална плата од 16 евра на час, како и надоместок за целото време поминато во аптека, вклучително и подготовките пред почетокот на работниот ден.

Работодавачите тврдат дека нивните барања се неодржливи поради здравствените осигурителни исплати и владините политики. Наместо тоа, им понудиле ретроактивно зголемување од 2% од 1 јули 2024 година и дополнително зголемување од 5% од 1 јули 2025 година.


Синдикатите првично планирале штрајк во пресрет на Божиќ според Грегоријанскиот календар, со прекин на работата до девет дена, вклучувајќи ги и викендите.

Сепак, холандскиот суд издал наредба за блокирање на деветдневниот штрајк, со образложение дека таков протест би можел да го загрози здравјето на пациентите.