Секое враќање на Новак Ѓоковиќ во Австралија, покрај неговите незаборавни десет титули на теренот, буди и спомени од се она што се случуваше во 2022 година, кога тенисерот беше сместен во зграда која властите сакаат да ја нарекуваат хотел, но всушност е затвор за илегални имигранти. Потоа Ѓоковиќ беше депортиран од Мелбурн.
По пристигнувањето во Мелбурн, српскиот ас даде интервју за познатиот магазин „GQ“ и откри дека добил „сувенир“ пред три години, кога австралиските власти го депортираа.
„Кога дојдов дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен од храна во тој хотел“, изјави Ѓоковиќ за магазинот од Њујорк.
„Ова никогаш не го кажав јавно, но кога се вратив во Србија открив дека во моето тело има високо ниво на тешки метали. Имав високи нивоа на олово и жива во себе“, додаде Ѓоковиќ.