Италијанската новинарка спие на под во ирански затвор: Очајните родители се јавија: Има само 2 ќебиња, а еве како вршат тортура навечер

Точка

02/01/2025

21:15

1.883

Големина на фонт

а а а

Италијанската новинарка Сесилија Сала, која иранските власти ја држат во самица во озлогласениот затвор Евин, нема душек и спие на подот, а има само две ќебиња, од кои на едното спие, а другото го користи да се покрие, објавија денеска италијанските медиуми.

За условите во затворот Сала зборувала со семејството, наведувајќи дека е во самица и не ги ни гледа чуварите, дека храната и се доставува преку отвор на вратата и дека не добила пакет со храна, хигиена и книги, а дека не може да чита бидејќи очилата и се одземени, пренесе “ANSA”.

Како што изјавила, цел ден и ноќ во нејзината ќелија гори неонско светло.


Нејзините родители, кои можеле да ја слушнат својата ќерка по неколку дена поминати во самица, за италијанските медиуми изјавиле дека нивната ќерка е многу уморна, што често го повторувала во текот на телефонскиот разговор и дека „мора да се побрза“ со нејзиното ослободување.

Сала (29) беше уапсена на 19 декември во Техеран, три дена откако швајцарско-иранскиот бизнисмен Мохамад Абедини Најафабади (38) беше уапсен на аеродромот во Милано во Италија врз основа на американска потерница, за наводно снабдување со делови за дронови, кои наводно биле користени во нападот во јануари 2023 година во Јордан, во кој загинаа тројца американски војници.


Според италијанските медиуми, се очекува Сала да излезе од затвор во замена за ослободување на Најафабади.

Како што претходно соопшти иранското Министерство за култура, дописничката на италијанскиот весник „Foglio“ Сесилија Сало е уапсена во Техеран поради наводно кршење на иранскиот закон.