[ФОТО] Провокативно и заводливо: Антониа Гиговска заблеска за новогодишната ноќ

Точка

02/01/2025

19:29

2.778

Големина на фонт

а а а

Антониа Гиговска по феноменалниот настап на „Макфест“ и песната „Жена“ која е една од најслушаните во изминатата година, продолжува со своите настапи низ Македонија, како една од најбараните поп изведувачи во земјава.

Но, освен по својот глас, таа е препознатлива и по смелиот моден вкус и комбинациите на кои ретко кој останува рамнодушен.

Па затоа, не треба да не изненади ниту нејзиниот избор за новогодишната ноќ, каде што повторно заблеска.



Таа на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии за кои доби само позитивни коментари, меѓу кој се истакнува и оној на нејзината пријателка, водителката Лила Филиповска, која ѝ остави три срца под објавата.


Младата Антониа се одлучила за светкав мини фустан од бугарскиот бренд „Јонси“ и го искомбинирала со исти ракавици. Сето тоа го надополнила со природна минималистичка шминка, за која е заслужен македонскиот стилист Александар Билјановски, познат како Дадар.

„2025“, напиша кратко пејачката во описот, додавајќи црно срце како емотикон.


Покрај тоа, таа сподели и фотографија со нејзиниот сопруг Роберт, каде прегрнати позираат за дочекот на Новата година.