Американското Министерство за трговија денеска соопшти дека разгледува нови правила со кои би се ограничила или забранила употребата на кинески беспилотни летала во САД поради, како што наведе, заштитата на националната безбедност.
Министерството наведува дека кинеските беспилотни летала можат да и обезбедат на Кина можност за далечински пристап и манипулација со овие уреди, што може да доведе до откривање на чувствителни податоци од САД.