Захарова: Запирањето на транзитот на гас од Украина го ослабува економскиот потенцијал на Европа

Макфакс

02/01/2025

12:14

673

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска соопшти дека прекинот на транзитот на руски гас од Украина има негативно влијание врз економскиот потенцијал на Европа и животниот стандард на нејзините граѓани.

Захарова истакна дека прекинот на испораките на „еколошки прифатлива руска енергија е штетен за Европа“, пренесе Интерфакс.

„Овој потег не само што го ослабува економскиот потенцијал на Европа, туку сериозно влијае и на стандардот на европските граѓани“, оцени Захарова и додаде дека САД заедно со Киев се главно одговорни за сегашната ситуација, бидејќи тие ги поставуваат економските и геополитичките услови кои водат до зголемување на цените во Европа.