Револуција: Батериите повеќе нема да горат во случај на сообраќајна несреќа!

Точка

30/12/2024

18:32

2.075

Големина на фонт

а а а

Кинескиот производител на батерии "CATL" разви нова механичка платформа за електрични автомобили, која може да издржи удари при брзина до 120 km/h без опасност од пожар.

Технологијата е развиена со посебен фокус на зголемување на безбедноста, а користи материјали кои исто така се користат во изградбата на подморници и авиони.

Новата платформа, наречена "Bedrock", е дизајнирана ефикасно да ја дистрибуира шок енергијата и да ја заштити батеријата. За време на бројни краш тестови, таа била изложен на екстремни услови. Меѓу другото, „преживеала“ предеун судир со столб при брзина од 120 km/h без да предизвика пожар.


Конструкцијата на основата се заснова на структура која ја штити батеријата од оштетување. Материјалите како што се челик со висока цврстина и алуминиум, кои вообичаено се користат во подморници и авиони, придонесуваат за нејзината исклучителна сила, велат од "CATL".

Клучен елемент на дизајнот е системот за брзо исклучување на батеријата. Во случај на судир, батеријата може да се исклучи за 0,01 секунди и да се испразни за 0,02 секунди, со што се намалува ризикот од пожар во тешки несреќи.


Покрај тоа, платформата "Bedrock" е дизајнирана да апсорбира до 85% од енергијата од ударот за време на судирот. За споредба, традиционалната механичка основа "EV" апсорбира околу 60% од енергијата.

Овој зголемен отпор може значително да го намали нивото на оштетување. Покрај безбедноста, платформата има потенцијал да го поедностави производството на електрични автомобили. "CATL" проценува дека користењето на платформата "Bedrock" може значително да го намали времето на производство.


Дизајнот на основата на "Bedrock" е флексибилен и може да се адаптира на различни типови на автомобили. Првиот производител кој ја имплементира оваа шасија во своите автомобили е "Avatr", компанија во сопственост на "CATL".