Најновата преработка го воведува "Ferrari" во светот на компактните "хот-хечеви".
Се разбира, земете го терминот компакт со резерва бидејќи во основа тоа е кросоверот "Purosangue" на "Ferrari". И навистина е тешко да се каже дека овој автомобил е компактен. Оваа екстремна модификација не е потпишана од "Mansory", но целта е слична – да се понуди автомобилот на клиентите во Дубаи.
"Purosangue" е придвижуван од 6,5-литарски "V12", кој по преработката стана уште поатрактивен и со цена на ниво на суперспортски автомобил со централно поставен мотор. Обработката ја потпишува "Venuum", а од фотографиите е јасно зошто го носи името "Black Edition".
Ferrari Purosangue Magnos
"Black Venuum Edition"
#Ferrari #purosangue #forgedwheels
#supercars #limitedition #unique...
Posted by Venuum on Thursday 19 December 2024
Компанијата ја промени надворешноста со инсталирање на нови карбонски делови, особено напред, каде доминира поагресивно исечениот браник. Сепак, највпечатлив дел е предниот капак со атрактивно исечени облини. Автомобилот е опремен со бандажи од 22 инчи напред и еден број поголеми назад.
За краен впечаток автомобилот е спуштен, па на крајот остава впечаток на хот-хеч, а помалку на спортски кросовер.
Погледот во кабината сè уште не е достапен, но лесно е да се замисли насоката во која се одвиваше преработката. Во секој случај тоа е производ кој без разлика на цената сигурно лесно ќе го најде патот до купувачите.