[ВИДЕО] Излегува новата серија за Спајдермен – трејлерот веќе собра повеќе од два милиони прегледи

Точка

30/12/2024

11:11

1.512

Големина на фонт

а а а

„MARVEL ENTERTAINMENT“ го објави првиот трејлер за новата анимирана серија за Спајдермен, наречена „Your Friendly Neighborhood Spider-Man“. Трејлерот брзо го привлече вниманието на обожавателите, па така по 16 часа од објавувањето собра повеќе од два милиони прегледи на Јутјуб.

Креатор на серијата е Џеф Трамел, а режисер на анимација Мел Цвајер. Серијата ја продуцираше „Marvel Studios Animation“, која исто така стои и зад овогодишната хит-серија „X-Men ’97“.

„Your Friendly Neighborhood Spider-Man“ е пред продолжение на приказната за Спајдермен од Марвеловиот филмски универзум (MCU), сместена во алтернативен универзум каде менторот на Спајдермен не е Тони Старк, туку Норман Озборн, алтер егото на неговиот непријател Грин Гоблин.

Извршниот продуцент на студиото Марвел, Бред Виндербаум, откри за CBR дека „Your Friendly Neighbourhood Spider-Man“ требаше да го прикаже почетокот на приказната за Спајдермен, кој го игра Том Холанд. Меѓутоа, студиото на крајот се предомисли и ја смести приказната во алтернативен универзум, како во серијата „What If …?“.


Гласот на Спајдермен му го позајми Хадсон Темз, а на Озборн Колман Доминго. Остатокот од актерската екипа го сочинуваат Јуџин Бирд, Зено Робинсон, Хју Денси, Кетај Анг, Кари Валгрен и Пол Ф. Томпкинс. Чарли Кокс и Винсент Д’Онофрио ќе ги репризираат своите улоги од Нетфликс серија „Daredevil“ во претстојната анимирана серија.


„Your Friendly Neighbourhood Spider-Man“ е првиот проект од MCU кој ќе биде достапен за гледање во 2025 година. Анимираната серија ќе ја има својата премиера на 29 јануари и ќе биде достапна на стриминг сервисот „Disney+“.