Три лица загинаа, седум се повредени во пожар во хотел во главниот град на Тајланд

Макфакс

30/12/2024

08:31

572

Големина на фонт

а а а

Три лица загинаа, а седум се повредени во пожар што избувна во хотел во главниот град на Тајланд, Бангкок, соопшти утринава локалната противпожарна служба.

Пожарот избувнал во шесткатниот хотел во неделата, а сите загинати се странци, јави Ксинхуа.


Меѓу седумте повредени има двајца Тајланѓани и пет странци, соопшти противпожарната служба.