[ВИДЕО] Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Макфакс

29/12/2024

10:38

2.309

Големина на фонт

а а а

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали на пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна агенција.

Несреќата се случила во неделата во 9:03 часот по локално време кога летот на Jeju Air од Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот слетувал на меѓународниот аеродром Муан на југозападот на земјата.

Противпожарната служба предупреди дека бројот на жртви може да биде поголем бидејќи авионот е тешко оштетен. На фотографиите од јужнокорејските медиуми се гледаат остатоците од авионот во пламен и чад.

Опремата за слетување на „Боинг 737-800“ откажала, најверојатно поради удар на птица, шпекулира новинската агенција Јонхап. Пилотот наводно не успеал да слета при првиот обид, па се обидел да го подигне авионот и да слета повторно.

Портпаролот на Jeju Air рече дека тие сè уште собираат информации за несреќата. Боинг не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за несреќата, а потоа изрази сочувство за починатите.