[ФОТО] Хурем го прослави Божиќ: Ќерките Лара и Лили не го симнуваа погледот од величествената елка – семејниот дом во Берлин изгледа магично

Точка

26/12/2024

19:51

2.432

Големина на фонт

а а а

Познатата султанка Хурем од мегапопуларната серија за Сулејман Величествениот има интересен генетски микс, а веќе одамна е познато дека таа е родена во германскиот град Касел и дека е дете од мешан брак.

Затоа не изненадува фактот што вчера Мерјем Узерли го прослави Божиќ во својот дом во Берлин, и тоа во најубаво друштво.


Инаку нејзината мајка Урсула е Германка, додека нејзиниот татко Хусеин е Турчин. Пред повеќе од пет децении, тој дошол од Истанбул во Минхен да студира и останал во Германија, каде ја запознал сопругата со која имал две ќерки Мерјем и нејзината сестра Џанан.

Турската актерка со германски пасош се вратила во Германија откако ненадејно го напушти снимањето на серијата „Величествена пролет“ бидејќи доживеала нервен слом. Причината за тоа беше пропаѓањето на љубовната приказна со таткото на нејзината постара ќерка Лара, а дури и се шпекулираше дека актерката била на работ на самоубиство.


„Овде е мојот дом. Моите пријатели, моето семејство. Ги познавам улиците како мојата дланка. Се чувствувам добро. Не сум позната овде, иста сум како и сите други. Во Берлин не сум ѕвезда, туку самохрана жена и мајка“, изјави Мерјем.

Во меѓувреме Узерли доби уште една ќерка по име Лили, отвори кафетерија, а актерството го стави во мирување.

Берлин е космополитски град на чијшто дух, шарм и современи погледи актерката одамна навикнала, а на сличен начин и го уредила својот дом.


Овој пат нејзините следбеници на социјалните мрежи имаа можност да видат како изгледа сето тоа за време на празниците, додека Мерјем Узерли го прославуваше Божиќ во бајковит амбиент.

Ќерките, сега веќе пораснати, беа воодушевени од бројните подароци кои ги очекуваа под гламурозната елка, а тие две секако, беа главните ѕвезди.

Додека на трпезата имаше различни слатки, празнични украси, свеќи, торта во форма на Дедо Мраз, а по прославата сите заедно уживаа во новогодишен цртан филм.