Адриен Броди призна: „Имав ПТСН и нарушување на исхраната по снимањето на филмот „Пијанист“

Точка

26/12/2024

14:09

718

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Адриен Броди откри дека развил нарушување на исхраната и посттрауматско стресно растројство (ПТСН) по екстремното слабеење за неговата оскаровска улога во филмот „Пијанист“ од 2002 година. Броди, тогаш 29-годишен, во филмот го толкуваше полскиот музичар Владислав Шпилман, кој го преживеал холокаустот.

Дефинитивно имав нарушување на исхраната најмалку една година“, рече тој во интервју за „Vulture“ и додаде: „А потоа бев во депресија една година, ако не и цел живот. Се шегувам, се шегувам“.


Тој беше на ригорозна диета поради улогата

Покрај нарушување на исхраната, тој детално опиша како долго време страдал од несоница и напади на паника по снимањето на филмот на Роман Полански од 2002 година. Тој рече дека поради улогата го продал својот автомобил и ги исфрлил другите погодности како телефонот од неговиот живот. Исто така, ги оставил на страна и другите лични работи за да не му го одвлекуваат вниманието.

Поради филмот, како што изјави, бил на строга диета, дозволувајќи си само мали количини на протеини додека вежбал свирење на клавир. На крајот стигнал до 58 килограми. Исто така тогаш и раскинал со неговата тогашна девојка, а живеел „само на вода“.

„Тоа беше физичка трансформација која беше неопходна за приказната. Но, потоа некако духовно ме отвори, почнав да ги разбирам празнината и гладот на сосема поинаков начин“, призна актерот.

По „Пијанистот“ направи пауза од актерството

По премиерата на филмот, Броди направи една година пауза од актерството. „Тој штотуку освои Оскар, но не доби ништо соодветно на неговиот успех. Затоа, после тоа одби многу бесмислени улоги“, откри неговиот татко, Елиот Броди, пренесува „Page Six“.


Инаку, Броди е познат по ригорозните методи на подготовка за улогите. На пример, за SF трилерот од 2005 година, „The Jacket“, во кој неговиот лик беше испратен во ментална институција, тој побара од режисерот да го врзе во лудачка кошула „за да почувствува како е тоа“. Покрај тоа, за улогата во филмот „Oxygen“ наместо протетика доби метални протези. „Не знаев колку е болно тоа додека не ги забија клештата и на крајот не ми ги оттргнаа од забот“, се потсети актерот.