Затворениците во Вејкфилд, Велика Британија, попознат како затворот „чудовиште Менсон“, денес за ручек можеа да изберат од празничната веганска храна како компири, спанаќ, сирење, похуван кромид и халал лути и зачинети пилешки филети.
Празничниот кетеринг во неколку затвори од „Е“ категорија во Англија, исто така, вклучува халал и вегетаријански опции, како и традиционално мисиркино месо и десерти.
Традиционалните јадења од мисиркино месо, како и колбаси обвиткани со сланина, но и други главни јадења, доаѓаат со печен компир, зеленчук, морков и сос.
За десерт се нудат вегански божиќен пудинг, а оние кои сакаат да избегнат колач можат да се одлучат за банана.
Пакетите со чај вклучуваат парче овошна торта, пита со месо, кесичка чипс, сатсума, пакет бисквити, медењаци и сок од јаболко.
Опциите за ручек се: „Ролна со колбаси без месо“ (направена од печурки буковка), кворн мешавина без месо и халал парче пилешко со сос од кари. Потоа затворениците можат да се напијат ледено смути со манго и портокал.
Сликите на веселиот Дедо Мраз го красат божиќното мени кое им се нуди на некои од најризичните затвореници во земјата. Списокот завршува со слика на весел снешко и порака: „Среќен Божиќ на сите од кујнскиот персонал“.
Озлогласениот сериски убиец Харолд Шипман, кој почина во јануари 2004 година, потоа Џереми Бамбер, кој уби пет членови од неговото семејство и такси силувачот Џон Ворбојс се меѓу поранешните и сегашните затвореници во машкиот затвор во Западен Јоркшир, пренесува Метро.
Претходно овој месец, Метро објави дека Рајнхард Синага, сериски силувач во Велика Британија, бил нападнат во затворот каде што ја издржувал казната од 40 години пред да биде префрлен во Френкланд.
Во затворот Белмарш, божиќната трпеза вклучува пилешки гради, исечкано мисиркино месо, филе од риба и путер од чили. Додека затворениците можат да го надополнат оброкот со печени компири, моркови, свинско, прокељ, кромид и сос.
Потоа заедно со чајот се нуди избор од кифлички со вегански колбаси, празнични парчиња мисиркино месо и инстант тестенини, а сето тоа послужено со пита со месо и зимска палачинка.
Инаку познатите актуелни и поранешни затвореници во затворот Темсмид во Југоисточен Лондон се убиецот од Сохејм, Иан Хантли, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ограбувачите на возови, Рони Бигс и Хенри Лонг, Џеси Кол потоа Алберт Бауерс и многу други.
Од друга страна во затворот во Манчестер, кворн мешавината се служи со печени и варени компири и сезонски зеленчук. Достапна е и традиционална вечера со месо, а за десерт затворениците можат да избираат помеѓу божиќен пудинг и овошен колач.
На затворите во Велика Британија им се доделуваат 2,70 фунти дневно по затвореник за три оброци на ден. Правилата наложуваат оброците да бидат разновидни, хранливи и да ги задоволуваат верските, културните и медицинските потреби на сите затвореници.
Затворската служба тврди дека сите оброци кои им се нудат на затворениците ги исполнуваат диететските упатства поставени од страна на Агенцијата за стандарди за храна и Одделот за здравство и социјална заштита.
„Секој оброк во затвор чини во просек по 90 пени, а божиќните оброци не се ништо поразлични“ изјави портпаролот на Агенцијата за стандарди за храна.