Најмалку 32 лица ја преживеале несреќата на авионот на Азербејџан ерлајнс, кој утрово се урна во близина на градот Актау во Казахстан, покажуваат новите податоци на казахстанските власти.
Најмалку 29 преживеани, меѓу кои и две деца, се префрлени во блиската болница, а пронајдени се телата на четири жртви.
Според прелиминарните информации, меѓу жртвите се и двајцата пилоти на авионот „Ембраер 190“ на пат од Баку кон Грозни, пишува „Гардијан“.
На видеата објавени на интернет се гледа моментот кога авионот удира во земјата и експлодира, како и повредени патници кои се обидуваат да излезат од неоштетениот дел од авионот.